Касичка со љубов
Кратка содржина
Животот на Искра се менува драстично кога за првпат дознава за петте јазици на љубовта. Искра разбира дека понекогаш луѓето нè сакаат, но не секогаш тоа ни го покажуваат на јазик кој нам ни пренесува љубов. Кои се тие пет јазици на љубовта? Кој е твојот мајчин јазик на љубовта? Ова револуционерно откритие ја исполнува касичката со љубов на Искра, но може да ја исполни и твојата.
„Сега сакам да си ги земете вашите касички и секојпат кога вашите касички ги чувствувате празни, направете нешто за себе кое ќе ја наполни истата. А потем, откако сте се погрижиле за себе, потрудете се да наполните нечија друга касичка. Големи се шансите „паричката“ на љубов да ви биде возвратена. На крајот на краиштата, љубовта е таа која го прави животот полн со смисла, возбуда и вреден за живеење.“
Автор
Марија Петровска