top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

"Девојчето со седа коса " - рецензија од Ивана Глоѓуновска

Updated: Aug 27, 2022

Ако е живот тоа секој би сакал да го живее, ама не не ни најмалку не е живот тоа, не барем не за непркнато, не за девојче, не дете, не за девојка-тинејџерка. Ако е сон, не ни тоа и, тоа би поминало би се разденило и се во неповрат би отишло. Кошмар е тоа, непосакуван за никого, мрачен и сив е мал збор да се каже, црн заплеткан во мрежата на непосакуваното, злобно, не човечно. Она што не го посакуваме како реалност, но проклето тука, тука е и боли притиска од сите страни, без здив те остава...




Боли и тоа како боли и нагорчува додека го читаш само, камоли се тоа на своја кожа да го доживееш. А душата на оној кој со злоба во себе мисли дека царува него душата спокојна никогаш нема да му биде. И оној од кого си требало во прегратка топла да му спиеш и приспивни песнички да пее, ете и од него милост бараш, ама ја нема и надежда ти ја зема и се ти зема... ама пак потклекнуваш се молиш крај ќе има, ама ја нема се губи се повеќе и повеќе. Денот долг е, стравот расте и чекаш се да се стиши за малку душа да земеш и тоа ако можеш ако ти дозволат...

Ја нема ни таа најважната за тебе, да те фати за рака да ти се смилува и да те одвлечка од канџите на немилосрдните злобните.

Една ранета исто како тебе душа стои и гледа и сваќа каква неправда ти прават, ама соротата стара е, и не толку стара колку немоќна.

Што е животот?

Брканица низ мрачни тунели или пак сенило од кое нема спас? Така годините минат, а само душата ти знае што се не и поминало на плеќите кога требало сончеви зраци да ја греат и топлат душичката...

Ах живот ли е или заблуда клета?

Често се запрашувам на прашањето што е родителство? Како треба да се биде добар родител? Дали Бог праведно пород дава? Знае ли тој,долу на земјата со кого се си има работа, та на пустош и немилост остава пород каде најмалку треба.

Грлото ми се стега, ме гуши загушува кога неправда има, поготово за еден децки свет каде се треба да му е најубаво и објаснето, него се му е одземено и преодземено.

Не, не е страшна сиромаштијата и бедата кога има со кого да ја споделиш љубовта среќата и да бидеш со оние кои треба највеќе да стојат цврсто до тебе...

Никогаш да не дозволат плачот твој да го чујат, да не дозволат влакно да ти фали, но кога сето тоа е обратно од исправното е тогаш сама да се носи нежната душа е мачно невозмно. Покрај се и да не остави последици од сите неправди, стравови и непреспиени ноќи...

Тогаш здравјето го зима својот замав и те удира онаму каде не си спремен да примиш толку силен удар.

Ех, колку само не можаж доволно да се искажам, за наеднаш да кажам се што мислам...

Недоволно за сите слики пред очи што ми стојат...

Многу е! Солзи горчина и прострелни рани што во душа ми минат.

Магдалена Елмазовска од се срце ти посакувам успеси и да не радуваш со нови дела!

Честитки!

23 views0 comments

Comments


bottom of page