top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за „Одмазда“

Updated: Oct 4, 2022


Пишува: Елена Симоновска


Со душа чекав да излезе третиот дел, односно прв по одвивање на настаните од триологијата со инспекторката Силјановска и семејството на свештеникот Михаил. "Неверство" и "Новогодишната ноќ" ми беа прочитани, па со "Одмазда" го комплетирав серијалот. Уф...од каде да почнам...? Можеби од она што го сфатив како поука во животот. Одмазда...Сфатив...Тоа не е наша работа. Не е работа на повредениот, на оној кој му е нанесена болка од блиските. Како велат: "Каменот доаѓа од блиску". Наше е да се "ослободиме" и да простиме, како би имале душевен мир, без разлика колку и да сме повредени. Има некој друг горе кој ќе се погрижи за се...Бог!

*Силвија е инспекторка која е на специјализација во Берлин. Заедно со нејзиниот партнер Волтер случајно се наоѓаат во близина на едно убиство каде убиецот остава "потпис", крвав отпечаток од рака на вратата. Потоа следуваат низа убиства со истиот "потпис" и тие двајца ја водат истрагата за сите убиствата кои се слични едно на друго.

Силвија случајно ја запознава Елена Христовска, сопругата на свештеникот Михаил која е дојдена во Берлин како предавач на женска конференција. Таа и помага да се спаси од убиецот, кој штотуку го откриваат со Волтер. Но дали ќе го фатат и дали убиствата ќе престанат и со која цел се, нема да ви откријам...тоа ќе го откриете сами кога ќе го прочитате романот. Она што е најважно е да научите дека желбата за одмазда во животот може да направи од човекот - нечовек, кој никогаш повеќе нема да го има мирот во душата и убавиот живот. А сите заслужуваме да го имаме...Оставете за се да се погрижи Бог!

Драга Emilija Zlatkova - Anastasova ти честитам за овој јубилеен десетти роман и ти благодарам што се грижиш за нас читателите да не ни биде досадна ниту една страница од твоите романи. Топло го препорачувам и ви гарантирам дека ќе ве држи во неизвесност до последната страница! Чекаме следен роман од тебе со нетрпение! ♥️

112 views0 comments

Comments


bottom of page