Од Марина Кљаијќ
Колку малку е потребно за да бидеме среќни, понекогаш сфаќаме на потешкиот начин. Но, за среќа, едно вакво четиво е одличен потсетник да се фокисираме и да си ги преброиме благословите. Стснува збор за „Продолжи да одиш", првенчето на Елена Симоновска во издание на Издавачка Куќа Збор Младата Софија ја живее најдобрата верзија од својот живот - има успешна кариера како адвокат, семејство кое ја поддржува и сака, вереник кој го обожава. Но, сето тоа во еден момент е под закана да се сруши. Во моментот кога ќе дознае дека вереникот ја изневерува, доживува полесна сообраќајка и заминува на кратко боледување. Нејзиниот совршен живот за момент е на дофат на колапс. Во една ваква ситуација, многу лесно тагата може да не' одведе до дното. Тука авторката умешно ќе не потсети како да останеме прибрани, преку постапките на Софија: - Признание и соочување со реалноста наместо избегнување, - Пред сѐ, помирување со она што се случило, - Контролирање на емоциите
, - Фокусирање на сопствените потреби, - Опкружување со драги личности од доверба Тука започнува една друга страна од приказната, според мене ценралната приказна:) Софија има најдобар другар, Марко. Судбината предодредила да делат ист датум за роденден и да живеат во близина во детството, а за она другото, се погрижиле сами - нивниот другарски однос растел и созревал заедно со нив и трае до ден денес,дури и кога се километри оддалечени. Нивната дружба е секојдневна, нивниот однос искрен, нивната другарска љувов искрена. Па, како и секогаш, и сега, Марко е тука за Софија, во овие, за неа, тешки моменти. Прекрасно четиво со лесна нарација, со длабока порака, во чиј фокус е пријателството. Четиво со моќна порака, кое ќе ве потсети дека секогаш во животот, колку и да е тешко и невозможно, секогаш треба да се потсетиме дека најважно е да продолжиме да одиме, а уште поубаво е кога притоа некој ќе држи чекор со нас.
Книгата е преубава. Лесно се чита, во еден здив, би рекла. Реална ситуација, не е невозможно да се случи такво нешто, опишано на убав начин од авторката. Мене ми се допадна многу.