Милена Томовска
Во 1894год. Јаков Хирш веќе цела година е без работа во Чикаго, град во кој владее голема економска криза. Со последните пари купува билети за друг град со надеж дека таму ќе најде работа и ќе може на својата 4-годишна ќеркичка Кејси да и овозможи редовен оброк и пристоен живот. По немил сплет на околности тие се качуваат на товарен воз не знаејќи во кој правец ќе ги одведе. За состојбата да биде уште полоша неговата ќерка е многу болна, а тој нема пари да ја однесе на лекар. Јаков и Кејси се симнуваат во градот Хомстед кој припаѓа на колонијата на Аманите. Како тие ќе бидат прифатени Ви оставам на Вас да дознаете . Но вистинската верба во Господ и вистинската заемна љубов секогаш не водат на правиот пат и ни помагаат да носиме правилни одлуки!
Сакам да читам историски драми и оваа прекрасна книга искрено ме воодушеви Авторката ми е нова и непозната, но ми се допадна стилот на пишување и би сакала да прочитам уште некоја книга од истата.
Оваа книга ме поттикна да истражувам за Колонијата Амана, за начинот на кој живееле и со тоа уште повеќе се доближив до приказната и до животот во затворената но прецизно организирана заедница.
Comments