top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за „Тенок мраз“

Мариетка Петровска


Поранешната олимпијка во уметничко лизгање Кристи Рид одлучува да побара помош од ФБИ по добивањето писмо адресирано со ракописот на нејзината сестра Џини, која настрадала во пожар пред два месеца. Така таа го запознава младиот агент Ленс Мекрегор, кој одлучува да ѝ верува и да ѝ помогне.

По првото писмо пристигнуваат уште неколку, а случајот станува сè позаплеткан.


Дали Џини Рид не настрадала во пожарот? Кој може да има корист од нејзиното исчезнување? Додека Ленс се труди да го реши случајот, се соочува со семејни и лични проблеми. Иако Кристи сè повеќе му се допаѓа, се обидува да биде строго професионален.



Дали ќе успее да го реши случајот и дали ќе се јави љубов меѓу Ленс и Кристи, ќе дознаете со читањето на оваа книга.


24 views0 comments

Comments


bottom of page