top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за „Украдено детство“

Updated: Jan 25, 2022


Стојне Ангелеска

Навидум мала, но моќна книга која во себе ни носи многу поучна приказна. На моменти ќе ве натера да пуштите и солзи, но истовремено ќе ви наметне повеќе прашања.

Во книгата се среќаваат повеќе ликови и генерации. Првата генерација родителите на Симона и Јован. Втората генерација тие и третата генерација нивната ќеркичка. Дали грешките од родителите можат да влијаат на судбината на децата и/или внуците? Што е тоа што судбината ни го има скроено, никој не знае... Една клетва, заклетва на вечна љубов и невино дете кое страда. Злобата кај луѓето, нивната себичност и лакомост претставени на начин кој ќе ве натера да размислите во каков свет денеска за жал живееме.

Некогаш судбината, за жал или за среќа ни одредува пат од кој нема назад. Но, многу често зависи од нас, нашата упорност, издржливост, силата да се надмине се и да се продолжи напред. Едно украдено детство ќе ви покаже дека доколку доволно се борите и не се откажете секогаш ќе победи светлата страна.

Ми се допадна тоа што приказната е одлично смислена. Иако има повеќе ликови, не се мешаат и секој има посебна улога во книгата. Секој од нив ќе ве натера да размислите како нашите постапки би влијаеле во иднина.

Како првенче мене искрено ми се допадна и допре до мојата душа. Се чита во еден здив. Искрена препорака.



314 views0 comments

コメント


bottom of page