top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија за ,,Умрев за да Оживеам“ од Габриела Давудовска Баниќ


Пишува: Ивана Глогуновска

Воодушевени од романот ,, Мајка во магла“ уште под импресии од него, писателката не радува со ново дело. Таа, не внесува во сосема нови хоризонти од животот, каде повторно ги освојува читателите со својата грациозност во пишувањето. ,,Умрев за да оживеам“ Самиот наслов на романот укажува на тоа како умираш, па наоѓаш причина да Оживееш. Да, возможно е! Секој ден го живееш без надеж за подобро утре, згаснува секој дел од телото, мозокот, срцето е искршено на милиони ситни парчиња, душата ти умира... Единствено бараш трошки од животот, за колку толку да останеш жив, само затоа што жив не можеш в гроб да влезеш.

Токму таква судбина има Билјана, која е селска жена, добро воспитана, посветена на семејството и традициите кои се негуваат со години. Немилосрдно животот во рано детство не и е наклонет, ги губи родителите... прво мајка си, потоа и татка си. Животот го продолжува со својата постара сестра, која е се во нејзиниот живот. Подоцна ќе се омажи, ќе го добие најскапоценото нешто во животот. Добронамерна, чесна, наивна, но и послушна ги презема сите обврски во семејството на својот сопруг. Не се жали од животот, се што прави го прави со љубов, спокој во домот. Покрај се што таа прави за мир и хармонија, колку може да се има под строгите погледи и дофрлување на свекорот, таа пожртвуваност ќе ја згасне нешто не предвидено. Кобната ноќ за Билјана, кога ќе ја дознае вистината, која со години не можела да ја види пред своите очи, тогаш ќе се урне целиот нејзин живот. Го губи единственото нешто што го има, достоинството кои ќе и биде одземено... Во срцето и се налеваат бури, немоќна да може да направи повеќе од тоа што во моментот и е единственото нешто за бегство, каде ќе го најде својот мир, ако воопшто постои во нејзината душа. Душата на Билјана умира секој ден, одново и одново умира... Со помислата, на најлошото, го моли Бога, да и ја одземе душата во вечно почивалиште. Но, веднаш потоа се покајува за кажаното пред Бога, бара прошка. Свесна е дека го има својот ангел, своето чедо, за кого вреди да ги потисне сите свои чувства и да продолжи понатаму. Тој, знае се, каква болка преживува неговата мајка, колку е повредена и каква неправда и е нанесена. Затоа секогаш е покрај неа, за се и е подршка. Охрабрувачки и укажува дека нивниот живот целосно ќе се промени. Александар, веќе е доволно возрасен, да може да и помага на мајка си, во сите работи кои младичот може, и, не може да ги поднесе на своите плеќи...

Таа, знае која е неговата цел во животот, но се плаши од самата помисла на остварувањата на своето чедо. Тој, да е толку далеку од неа, од нејзината прегратка, да не е пред нејзините очи... Но, покрај сите обиди да го разубеди во тоа, тој е решен на таков чекор, па дури ни таа веќе не го сопира во таа намера. Да не беше толку одлучен да замине од својот дом, далеку од сите, ќе се случеа ли толку промени во нивниот живот. Од тогаш за нив се случуваат промени, со кои ќе започнат нов живот, далеку од селскиот живот. Подоцна и Билјана се спрема за своето прво патување, далеку, многу далеку од своето родно село. Покрај сите стравови кои и се насобрани во срцето, душата со кои не може да се соочи, сепак се решава на тој чекор да замине. Копнежот по своето чедо, се доволна причина сите стравови да ги потисне во себе, само за прегратка со своето најмило. По извесно време, животот ќе и донесе сосема поинаква димензија, сваќање и реално гледање на случувањата, од поинаков агол на животот. Таа е жена борец, која ќе успее во многу работи, за кои ни самата не била свесна дека ќе умее вешто да ги прави и носи со нив. Некогаш, не ни се потребни зборови, за да си објасниме некој работи...

Судбина ли е, Господово ли е? Секогаш низ бури страдање да поминуваш, тага, болка солзи, за после сиот тежок пат, да ти се отворат нови врати во животот. Храброст, потребна ли е да се издржи овој тежок, немилосрден и суров живот? Таа ни дава надеж, за подобро да се надмине агонијата на животот...

Прекрасна содржина, од животот која за жал може да биде сурова реалност за опстанок, преживувањето, случувањата и борбата за подобар живот.

Честитки! Габриела Давидовска - Баниќ

23 views0 comments

Comments


bottom of page