top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Рецензија од Македонка Тошеска Костадиновска за романот "Одмазда"

Updated: Sep 22, 2022

Краток осврт за "Одмазда" од Emilija Zlatkova Anastasova



"Одмаздата, велат дека е најголемиот непријател на човекот."


Кога човекот е повреден или му е нанесена неправда во него се појавува болка, лутина, омраза и желба за одмазда. Негативните чувства ја трујат неговата внатрешност и со него управуваат болката и омразата. Колку само желбата за одмазда може да биде јака мотивација за да се успее во животот.


Ова е напната приказна која од самиот почеток ќе го привлече вашето внимание и со многубројните пресврти ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

Во фокусот на самата приказна се убиства кои се извршени на свиреп начин каде убиецот зад себеси остава отпечаток од крвава дланка на влезната врата. Само во првиот случај има преживеан, кутриот млад Рихтер, кој е беспомошен и инвалид во количка. Инспекторите Силвија и Волтер прават психолошки профил на убиецот и се обидуваат да ја откријаат поврзаноста на жртвите. После второто убиство и неколку жртви инспекторите немаат никаков доказ. Убиецот влегува на местото, ја завршува "работата" и излегува као никој да не влегол. Четвртото убиство е во елитна многукатница на 12- от кат каде снимката од видео надзорот покажува дека освен газдата другите жртви воопшто не влегле во станот и токму тоа отвора нови прашања. Како се нашле двете убиени жени во станот? Кој е убиецот што убива три жртви одеднаш и тоа го прави во една добро обезбедена зграда?Како да е дух, влегува, убива и излегува секаде каде ќе посака и никој не го забележува. Дали станува збор за истиот убиец или не? Што е она што ги поврзува сите жртви?


Многу прашања ги измачуваат инспекторите, но она што најмногу ги буни е што нивниот убиец не се задржува на иста категорија и ист пол на жртвите.

Како Силвија и Волтер ќе му влезат во трага на убиецот оставам сами да откриете.


Инаку "Одмазда" е третиот дел од серијалот со инспекторката Силвија и семејството на свештеникот Михаил. Првиот роман е

"Неверство", а вториот е "Новогодишна ноќ", но приказните се независни едни од други, па не е грешка ако не ги читате по редослед.

Убедена сум дека ќе уживате во читањето исто како што уживав и јас.😊


Моја препорака🥰❤

34 views0 comments

Comments


bottom of page