Рецензија од прв читател за „Зимската роза“ од Мелани Добсон
- Emilija Zlatkova Anastasova
- Apr 21, 2023
- 2 min read

Силвана Панева
Грејс Тонкин е родена во Америка, нејзината мајка е ѕвезда на немите филмови во Холивуд.Таа никогаш го нема прифатено мајчинството за приоритет, ужива само во ноќните забави со многу алкохол и блуд.
Младата девојка не може да го прифати тоа и ќе замине во Франција, за да помогне во спасувањето на еврејските деца од фашистичкиот режим.
Со љубов и голема посветеност заедно со човекот кој го сака, ги поминуваат барикадите и снежните врвови на Пиринеите. Целиот умор и натчовечкиот напор, се ништо, во споредба со задоволството дека од сигурна смрт, успеале да спасат многу дечиња.

Братот Елијас и сестрата Маргерит, остануваат без родители во војната, а Грејс и нејзиниот сопруг, ќе направат се' да ги усреќат.Немаат свои деца, па целата љубов ним ќе и' ја дадат.Маргерит умее преку боите да ги распознава душите на луѓето. Со вродениот талент за сликање внесува светлина на овој свет, воедно го акумулира целиот насобран бес.
А Елијас кој треба наскоро да влезе во светот на возрасните, не може да ги замолчи злобните гласови во себе. Не му е доволна љубовта на новите родители, зашто неговите трауми од холокаустот се длабоки и можат да ја уништат дури и родената сестра.Доволно е една непромислена ноќ на Елијас, за да се смени судбината на семејството.
По педесет години Ада Холт со надеж дека ќе го спаси својот ментор од сигурна смрт, пристигнува на езерото Тонкин.
Ќе успее ли да ги фрли сите камења кои како огромен терет ги носи со себе, дали ќе му помогне и на Чарли да ги фрли, за конечно да си прости најпрво себеси, и конечно да живее без грижа на совеста.
Интересна книга за моќта на љубовта.Книга за безграничната љубов на братот и сестрата, кои без оглед на далечината и времето, како зимската роза која ги презимува студените ноќи, за следниот ден да процвета во убав и нежен цвет
Comments