Силвана Панева
Иако календарски не е започната сезоната на китење елки, домови и дворови, читајќи ја „Божиќна размена“, ми прелета мисла, дека и оваа година, полека но сигурно го минува своето последно тромесечје...
Две семејства од Америка, едни од сончевата Аризона, другите од студеното Колорадо, ќе си ги заменат куќите за Божиќ. Целта им е да доживаат сосема различни празнични денови од вообичаено, за едните е предизвик да се сончат и капат во базен, за другите да одат на скијање, да уживат во снегот и навечер да седат пред топлиот камин.
Еми Далеј е ќерка на мисионери во Уганда, таа живее сама, по инсистирање на другарката Џилијан, без некоја посебна желба ќе отпатува со нејзините родители во Колорадо. Родителите на Џил се многу богати луѓе, но не може да помине ден без кавга или меѓусебно обвинување... Посебно, мајката на Џил е прилично тешка и никогаш задоволна жена.Еми ја почитува Џил. Без оглед на препотентноста и нејзината надменост, смета дека таа ја бранела, додека другите ја понижувале. Еми е скромна учителка и надежна музичарка. Вест Прескот е истотака музичар, а патиштата со Еми ќе им се спојат, по пристигањето во неговата куќа....Сè додека трае заплетот и расплетот, ќе уживате во оваа книга, исто како во романтичните божиќни филмови на телевизија. Книгата е лесна за читање, но воедно поттикнува на размислување: дали постојат сеуште вистински другарства? Може ли да се прости лажење и манипулации на некој во кој си имал голема доверба? Ако имате еден или двајца искрени луѓе покрај вас, веројатно сте голем среќник.Го наметнува прашањето и за славењето на Божиќ, за тоа дали размената на скапи подароци и богата трпеза е важно, или најголема придобивка е собирањето на семејство на едно место.
Јас гласам за семејството
Comments