top of page
Search
Writer's pictureEmilija Zlatkova Anastasova

Со „Досие љубов“ на плажа

од Елена Симоновска

Сепак обидот за да ја прочитам книгата: „Досие: Љубов“ од Silvana Velickovska на одмор со мало дете беше успешен. Мора да признаам дека на плажа не можев, но навечер кога ќе заспиеше, можев. Така два вечери но во еден здив, таа те тера упорно да ја читаш и да не можеш да ја оставиш и кога сите спијат, а знаеш и дека утрото рано ќе те разбудат. Воодушевена! Преубава! *Маја и покрај нејзината чиста душа, незнаејќи во што ја вмешал сопствениот татко, а мислејќи дека тој е најдобриот татко на светот е дел од валкани работи и не може да си го живее својот живот како што сака. Успева да се избори со сите падови...


Смртта на татко и, заминувањето на мајка и, а кога сета прљава игра ќе заврши, кога правдата си го наоѓа местото, таа ја пронаоѓа љубовта на својот живот. И кога мислиме дека ни се руши целиот свет, треба да запомниме дека секое лошо е за добро. Секоја чест за авторката, топла препорака од мене за сите кои ја немаат прочитано.

153 views0 comments

Comments


bottom of page