2248
Малиот Ангел, дете со аутизам, исчезнува на плажа покрај Охридското Езеро. Полицијата е во потрага – дали детето се загубило, дали е киднапирано или се удавило во езерото. По долго барање, полицијата губи надеж дека ќе го пронајде малиот Ангел. Мајката е очајна, а пријателка ѝ кажува за свештеникот Михаил и за тоа како неговиот син го пронашла детективката Силвија. Силвија е единствената надеж за оваа очајна мајка.
Силвија повторно го прифаќа случајот во кој пак е исчезнато едно дете. Решена е да направи сè за да дојде до вистината. За време на потрагата се среќава со стар пријател, кој долго време чувствува многу повеќе од само чувства на искрено пријателство.
Дали Силвија и овој пат успешно ќе го реши и овој случај и ќе го пронајде детето или ова е нејзиниот прв случај во кој нема да успее? Што се крие зад броевите 2248 и како тие се поврзани со малиот Ангел? И дали старото пријателство на Силвија има шанси да премине во љубов? Ќе дознаете низ страниците на оваа книга што ќе ве води од авантура до авантура и ќе ве прошета низ Македонија, до Италија, Германија и Русија.
Автор
Емилија Златкова Анастасова