Бесконечно: Анатомија на страста
Лирски звук, со нежност и малку страст, со патриотски призвук и многу љубов.
„Добре дојде во мојот храм,дозволи бесконечна светлина да те води,како што ми е светла мислата,како што ми е светол зборот.Во сводовите на мојот храм од зборови,парче душа од мене имаи еве на дланка ти го подарувам,грст стихови полни љубов и топлина,лек за душата, атом од срцето дарувам.“
СИНЕСТЕЗИИ
(ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА)
Мојата песна има портокалова боја
и ги носи во себе сите нијанси
од жолто-портокалово до црвено -
од изгрејсонце до залез,
во жежок летен ден.
Мојата песна има звук
на акорди во D-moll на гитара отсвирени,
како нежна музика брановите што ја компонираат
и брегот го бакнуваат со звук
од длабочината што го вадат,
како фрагменти од најдлабокото
на душата извадени.
Мојата песна има благ вкус
на егзотично тропско овошје
што цела топлина во себе ја собрало,
па во уста нежно се топи
и ги распрскува своите сокови.
Мојата песна има облик на срце,
со невешта детска рака нацртано,
ама искрено и чисто,
некогаш тркалезна форма добива,
некогаш ги има сите облици на облаците
ама секогаш е срце од срце и со срце.
Мојата песна мириса на љубов
оти секој стих љубов е,
мириса на детство - топли спомени буди,
мириса на душа - душа има,
од душа е - за душа е!
Десанка Николова
Автор
Десанка Николова
Број на страници
100