top of page
Девојчето со седа коса

Девојчето со седа коса

„Си повторуваше во себе дека мајка ѝ ја заборавила веќе, а татко ѝ е презафатен, ама потајно се надеваше дека еден ден... дека ќе го има и тој ден кога некој од нив ќе ја земе со себе. Издржуваше секакво малтретирање со надеж дека е само привремено, и ќе заврши кога ќе ја земат оние кои никогаш не требаше да ја остават. Во себе себично го чуваше парчето надеж што ја држеше со полна душа, си мислеше дека ќе се разбуди, кога-тогаш, и дека тој кошмар нема вечно да трае. Сакаше да верува во гласот што ѝ го диктираше срцето. Убедена беше дека нејзината пространа љубов кон нејзините родители, еден ден ќе го растопи ледениот океан од нивната индиферентност кон неа.“

Дали тој ден ќе дојде за малата Маца, девојчето кое по разводот на родителите останува да живее и расте со старата баба со добродушно срце и злобниот чичко алкохоличар, што секојдневно ја малтретира? Дали нејзината љубов ќе го растопи ледениот океан?

  • Автор

    Магдалена Елмазовска

  • Број на страници

    250

ден350,00Price
bottom of page