Досие: Љубов
Кратка содржина:
Маја има сѐ, пари со кои може да си дозволи монденски забави, патувања низ светските метрополи, јахти и незаборавни дружења со своите пријатели. Во еден момент од животот го губи сето тоа и нејзиниот живот се сведува на живот во еден луксузен стан без слобода, како птица во кафез. Татко ѝ, големиот дон, шефот на подземјето, се погрижил неговата ќерка да биде заштитена пред да биде убиен. Маја се труди да го живее нормално својот живот, но не може бидејќи ја бараат двете страни. Таа е барана од законот од една страна и од подземјето од друга. Двете страни ја бараат за да ги искористат информациите што можеби ги има таа. Нејзиниот телохранител смислува план да ја одбрани, но таа е киднапирана.
Човекот познат како Каменот, кој има сомнителна професија, ја грабнува со еден украден автомобил. Ја вози во непознат правец. Маја се обидува да побегне, но Каменот е професионалец и ја враќа речиси во истиот миг. Ја води надвор од државата во една тајна куќа на плажа. Тајната на Каменот е откриена, но продолжува голготата на Маја.
Тајни договори, манипулации и лаги. Покрај сите тие бегања и кри-ења помеѓу Маја и Каменот се раѓа љубов. Но дали љубовта е до-волна да се премости еден длабок канал на две спротивставени страни? Дали љубовта може да премине преку големи спротив-ности и да опстане?
Автор
Силвана Величковска
Број на страници
250