Крилјата на Попи Пенделтон
Во оваа возбудлива мистерија со прескокнување на времето, едно девојче исчезнува од семејниот замок на Илјада Острови во Њујорк. Осумдесет и пет години подоцна, еден новинар се здружува со жена којашто живее на островот Костер за да откријат еднаш засекогаш што се случило со Попи.
1907 година. Вечерта спроти својот петти роденден, Попи Пенделтон е безбедно сместена во својот кревет, слушајќи како нејзините родители ја забавуваат њујоршката елита во нивниот замок на Илјада Острови. Следното утро таа исчезнува, а нејзиниот татко е пронајден мртов во неговата соба за пушење.
1992 година. Иако Клои Рајдел живее во сенките на замокот на Попи, сега во распаѓање, таа има мал интерес за мистеријата што сѐ уште ги привлекува туристите и локалните жители. Таа е фокусирана на тоа да го зачувува островот што го наследила од своите баба и дедо и да ја оживее нивната старовремска слаткарница. Сѐ додека еден ден на нејзиниот праг не се појави едно девојче по име Ема, со неколку лични работи и еден албум што ја поврзува со Пенделтонови. Кога новинарот пристигнува во продавницата на Клои распрашувајќи се за дедо ѝ, Клои решава да му помогне да го истражи минатото за кое мислела дека е подобро да остане закопано. Наскоро откриваат дека потресната вистина за Попи може да го спаси животот на Ема, па Клои и Логан мора да работат заедно за да истражат што точно се случило на островот Костер пред многу години.
Автор
Мелани Добсон
Број на страници
460