Меѓу копнеѓот и сонот
Откако постои светот и векот, човекот постојано настојува да воспостави рамнотежа меѓу разумот и чувствата, меѓу телесното и духовното, меѓу сонот и јавето. Трага по волшебна формула што ќе му помогне да ја задржи острината на умот и мирот во душата. И во таа вечна потрага излегува на мегдан со своите емоции, со своите копнежи и соништа. Тие се заедничкиот именител, сврзното ткиво на нашето битие. Без разлика на кое општествено скалило сме, без разлика во кое и какво општество живееме, сите ние како луѓе ги носиме со себе, невидлив багаж ни се на патувањето низ животот. „Меѓу копнежот и сонот“ е обид да се насликаат тие приливи и одливи на душата, нејзините копнежи и соништа. Песните треперат на тенката граница меѓу вчера и утре, меѓу јавето и сонот, меѓу тагата и надежта. Книга-копнеж да се ѕирне отаде појавното, и отаде сонот.
Автор
Соња Карбева