top of page
Непријателска намера

Непријателска намера

Кратка содржина:
Ава Џексон стапила во војска веднаш по завршувањето средно училиште, но болеста на нејзината мајка ја принудила да побара предвремено отпуштање. Таа веќе го изгубила својот татко и не сака да ја остави мајка ѝ да умре сама. Но, по посетата на старечката установа каде што живее нејзината мајка, Ава е нападната додека се враќа до нејзиниот автомобил. За среќа, специјалниот агент на ФБИ, Кејден Денинг, пристигнува навреме за да помогне во борбата против нејзиниот напаѓач.
Кејден ѝ открива на Ава дека таа можеби го има клучот за разрешување на убиствата на три семејства и дека му треба нејзината помош пред некој друг да биде повреден. Истражувањата покажуваат шема, а јасно е дека убиецот има агенда, а Ава некако е поврзана со тоа. Но, ако Кејден и Ава не можат да откријат што е тоа, Ава може да биде следна на таа листа.
Најпродаваната авторка Линет Исон ја завршува својата последна книга од серијалот, исполнета со најголема неизвесност, возбуда и акција, држеј¬ќи го вниманието на читателот од првата до последната страница.

  • Автор

    Линет Исон

  • Број на страници

    345

ден510,00 Regular Price
ден408,00Sale Price

ЦЕНОПАД 20%

bottom of page