Нулта точка
Лили е девојка што доживеала голема несреќа пред осум години и се бори со анксиозност. За да ѝ се искомплицира животот уште повеќе, таа во ист ден ја губи работата што ужива да ја работи веќе пет години, прави сообраќајни прекршоци и е казнета. Набрзо дознава дека нејзиното момче не само што ја изневерил туку и се свршил и на крај се заглавува во лифт што ја срушува сосем, па завршува во болница.
Излегува од болница токму за својот роденден. А родендените се вистински моменти за нови почетоци, за вртење нов лист. Нејзиното семејство ѝ приредува преубава роденденска забава, а вистинското изненадување е подарокот од родителите и сестрите – патување во Тенерифе со платено сместување за четириесет и два дена во луксузен хотел, а е пријавена и на семинар што сосема ќе ѝ го промени животот. Или можеби нема?
Лили го прифаќа подарокот, а таму слуша големи лекции за животот, за соочување со себеси, со стравовите, неуспесите, со своите размислувања... Но дали е возможно на ова егзотично место да ја запознае и својата најголема љубов?
Дали Лили ќе ја победи анксиозноста? Дали конечно ќе може да ја разоткрие тајната што ја крие од сите? Дали Лили ќе започне од нулта точка?
Автор
Анита Петрова
Број на страници
220