Умрев за да оживеам
Билјана е родена, растена, воспитувана и мажена во македонско планинско и зафрлено село. Физичката сила со која ја надарил Господ максимално се искористува од страна на семејството и селскиот живот, а емоциите и другите квалитети на оваа жена се до крај потиснати. Убедена е дека едноличните денови и служењето на другите околу себе се сè што таа ќе доживее.
Нејзиниот еднобоен живот неочекувано го зацрнува тешко понижување. Дека и таа е живо човечко суштество открива тогаш кога единственото зрно достоинство ѝ е згазено под нозе. Додека мисли дека однатре умрела, имајќи само една единствена причина да се обиде да продолжи да живее, таа почнува да се однесува како ранета лавица. Токму тоа крварење на нејзината душа е почетокот на патот до нејзина тотална трансформација. Промените што ќе излезат низ нејзините стиснати заби ќе направат да не можете да ја споредите оваа жена со неа самата на почетокот и на крајот од романот.
Автор
Габриела Давидовска - Баниќ
Број на страници
252