top of page
Ѕвончица и волците

Ѕвончица и волците

Темите кои го обликуваат пејзажот на овој впечатлив краток роман се длабоко универзални во својата романтичност, а оттука и податни за читатели што доаѓаат од секоја доба и лична убеденост, а истовремено исткајани со механичка прецизност и болна висцералност, што им дава посебна вредност.

Нанесувајќи слој по слој комплексна интимност во портретот на едно семејство сочинето во несреќно-среќни услови, авторот ни докажува дека превртливиот однос меѓу радоста и очајот во секојдневието честопати се должи на таложењето на ситни нешта кои, сепак, поседуваат неблагородна склоност да прераснат во амалгамни ѕверови кои ни ги поробуваат душите. Во секој ред од „Ѕвончица и волците“, притисокот на брилијантната технологија на денешницата конзистентно пулсира како мачна и корозивна сила која се храни со тајни и го фасцилитира распаѓањето на аналогните односи меѓу нејзините корисници.

Оваа книга е за тоа дали навечер легнуваме да спиеме знаејќи дека сме дале сѐ што било можно, или пак пресметувајќи сѐ што можеше да биде. Оваа книга е за лузните кои нѐ потсетуваат дека моќно сме љубеле, наместо плашливо живуркале. За кршливоста која е инхерентна во секоја тврдина и секоја кула од слонова коска. За доблеста на загубата. А најмногу од сѐ, за неприкосновената светост на детското внимание.

  • Автор

    Јовица Вулетиќ

ден250,00Price
bottom of page